(ВИДЕО) Викторија Бекам ги открива нејзините најголеми модни грешки

од desk2
98 прегледи

Во моментов таа е почитуван моден дизајнер со сопствен бренд и отворен пат до модната недела во Њујорк, меѓутоа стилот на Викторија Бекам не бил секогаш беспрекорен.3928897100000578-0-image-a-100_1475749569834-1

Во новото интервју за “The Edit” поранешната пејачка зборува за нејзините модни грешки и наведува неколку примери:

“Еден период мислев дека е супер да облечам “PVC” костим. Кога бев трудна со Ромео, се шетав низ “Disneyland” во “Christian Louboutin” чевли со виски потпетици, буквално на 9 месеци бременост.”392873df00000578-0-image-a-101_1475750491249

Денес, таа има многу лежерен стил на облекување, но признава дека секогаш се погрижува да биде подготвена за камерите:

“Се качувам на авион во Лондон и се симнувам 11 часа подоцна. Поминувам низ аердромот и папараците ме преплавуваат, па затоа сакам да ставам на мене нешто што ќе направи да изгледам свежо. Тоа беше почетна точка всушност, кога почнав да соработувам со “Estée Lauder”, реков дека навистина сакам да креирам производ кој го прави токму тоа.

Сега во моментов сите сте во истата позиција, затоа што сите имаат телефони со камери. Дури и да не ве бркаат папараци, ќе се најде некој што ќе прави селфи-фотографии, па сите мораат да бидат подготвени за пред камера цело време. Кои и да сте, морате да бидете подготвени веднаш.” соопштува таа.392873ef00000578-0-image-a-102_1475750529251

Дизајнерката неодамна објави колекција на шминки со гигантскиот козметички бренд “Estée Lauder”.

Што се однесува на нејзината кожа, Викторија која многу години имаше проблем со акните откри една необична тајна-лосос. Таа изјави дека нејзиниот дерматолог и препорачал да јаде лосос секој ден и тоа многу и помогнало со проблемот.

Не изненадува тоа што Викторија, исто така открива дека ја има најголемата колекција на облека во нејзиниот плакар.