(ВИДЕО) Марк Цукерберг го претстави софтверот за создавање виртуелна реалност

од Vladimir Zorba
92 прегледи

“Oculus” – компанијата во сопственост на Facebook, вечерва ја претстави својата визија за тоа како треба да изгледа виртуелната реалност.

1475781891-980x551-1475777088
Новиот софтвер на компанијата ќе им дава можност на корисниците да се приклучуваат кон еден заеднички виртуелниот простор и да прават различни нешта заедно.

Тие ќе можат да се видиат преку видео, но и да се “прошетаат по површината на Марс”, .
Практично софтверот ќе им овозможува на пријателите и на роднини да “посетуваат” различни места заедно и дури да се сликаат со виртуелен селфи стап.

Лично креаторот на социјалната мрежа Марк Цукерберг демонстрира што се ќе можат да прават корисниците со новата технологија.

Во камерата поставена во неговиот дом, тој успеа “да ѕирне” таму за да провери што прави неговото куче и дури да се јави на својата жена Присила, за да и покаже каде точно се наоѓа миленикот во куќата.

Еден од предлозите на “Oculus”, што наскоро ќе биде на пазарот, е можноста корисниците да дизајнираат 3D објекти во просторот “околу себе” и да ги разгледуваат од сите гледни точки.