Во денешниот свет, ако некој знае каде ви е телефонот, и што се случува околу него, тој најверојатно ќе знае и каде сте и што се случува околу вас. А пак ако може да го погледне одблизу самиот апарат, тогаш сигурно ќе знае повеќе отколку што би сакале. Штосе случува со вашиот телефон, кога ќе биде пробиен?

Тој станува совршен уред за следење. Хакерот може да разбере каде сте, може да ве чуе со микрофонот, да ве слика со камерата … и ова е само почеток.
Може да се видат сајтовите кои сте ги посетиле, чатовите, телефонските контакти, влезни и излезни бирањ, смс-ите в … плус тоа дури и може да се додадат и смс-и, како добиени, кои претходно не постоеле
“Тројанскиот коњ” може да се вгнезди во постојните програми и може да изгледа на секој начин. Може дури и да е со иконата на некои добро позната ваша апликација. Затоатреба да се симнуваат апликации само од официјалните сајтови. Секое друго место е потенцијално опасно и никогаш не знаеме што ќе се случи со телефонот .
Понатаму да внимаваме многу со слободните wi-fi мрежи.Луѓето да избегнуваат да се вклучуваат кон разни слободни мрежи, бидејќи тогаш е многу голем ризикот некој да го пробие телефон. Особено пак на места каде што не се претпоставува дали има слободен пристап до интернет, на пример да не сте во некое кафе или установа – многу е сомнително ако се појави слободна мрежа, сепак секој си плаќа интернет.