Во Полска направија соларна велопатека која свети во јакосино ноќе. Велосипедистите можат да си возат дури и при апсолутен самрак. Соларното осветлување служи за убава ознака на минувачите по неа велосипедисти. Треперливата нејзина површина е вистинска радост за очите.
Атрактивните светлинки се напојуваат од сонцето, а патеката е долга 330 метри и се наоѓа во градот Прушков, но сèуште е во тест фаза.
Пред две години, на 125-годишнината од смртта на Винсент ван Гог, управата во реонот на холандскиот град Ајндховен (и поточно во населбата Нунен каде уметникот живеел неколку години), исто така си направи соларна вело-алеа, која наликува на познатата слика на уметникот “Ѕвездена ноќ”.
Наскоро жителите на Прушков ќе можат да шетаат по осветлена патека во рок од десет часа во текот на ноќта.
Блескави велопатеки веќе има и во Велика Британија и Германија.
Видете слики на новите вело-алеи низ Европа во галеријата.