(ВИДЕО) Американски генерали: Војната со Русија ќе биде брза, смртоносна и речиси неизбежна

од desk3
75 прегледи

Високи американски воени генерали тврдат дека вооружениот конфликт со Кина или Русија е “практично гарантиран”, пишува RT. При тоа, според мислењето на генералите, тој ќе биде брз, смртоносен и сеопфатен за последните 60 години. Развивајќи ја темата за вооруженото противење на меѓународната арена, генерал-мајор Вилијам Хикс истакна дека вештачкиот интелект и автоматизираните системи за управување на различни видови оружје ќе ја забрзаат ескалацијата на тековните воени конфликти.

1475964736-chorrr

“Брзината со која машините ќе можат да преземаат одлуки во иднина, ќе ги надмине нашите можности кои сме ги поседувале. И затоа треба да се развиваат нови односи меѓу човек и машината”, вели генерал-мајор Вилијам Хикс.
Генералот исто така додаде дека технолошките достигнувања на Русија и Кина ја натерале Белата куќа да се подготвува за “воени дејствија од таков размер со користење на копнена војска, со какви што САД не се сретнале од времето на Корејската војна.”

За возврат заменик-претседателот на Здружениот комитет на началниците на штабови, генерал-полковник Џозеф Андерсон изјави дека земји “кои се натпреваруваат агресивно со САД во воената сфера”, претставуваат за Запад егзистенцијална закана.

Началникот на Генералштабот на копнената војска на САД генерал Марк Мили пак вели дека ваквата војна “практично е загарантирана”. Тој исто така истакна дека противници на САД можат да стават крај на американската воена супериорност во воздухот и да се во состојба да не дозволат на американските поморски сили да се доближат до полето на борбите.

Затоа војниците треба да се подготвени да водат борбени дејства во сајберпросторот, а исто така да војуваат без сателитска конекција и навигациски системи на кои се навикнати и ги сметаат за готови.

Малку порано САД соопштија дека ги прекинуваат билатералните канали за комуникација со Русија во однос на Сирија.

https://youtu.be/-SU3QcbTkM8