Три актерки се борат за главната улога во новиот филм за саканиот лик од “Војна на ѕвездите” Хан Соло.
Откако во јули стана јасно дека актерот Алдон Еренрајх ќе влезе во ликот на младиот Соло, одигран во оригиналните секвенци од Харисон Форд, започна кастинг за негови партнерки на платното.
Оваа недела режисерите на лентата Филд Лорд и Крис Милер спроведоа средби со Зое Кравиц, Наоми Скот и Теса Томпсон во Лондон.
Според извештаите во медиумите ова е втор круг од кастинзите на трите дами, по нивната прва средба во текот на летото.
Кастинг се спроведув и за улогата на Ландо Карлисиан – друг популарен лик од “Војна на ѕвездите”. Според гласините во неговиот лик ќе влезе актерот и рапер Доналд Гловер, но информацијата за тоа сè уште не е потврдена.
Филмот за Хан Соло ќе почне да се снима следната година, а премиерата е закажана за 2018 година.