Долгот на светот е 152 трилиони долари, два пати поголема од два пати обемот на светската економија

“Прекумерниот долг на приватниот сектор претставува особено голема пречка за обновување на светската економија и ризик за финансиската стабилност”, тврди Виктор Гаспар, директор на одделот за буџетските прашања на ММФ. Често најбрзиот раст на долгот на приватниот сектор води до финансиски кризи, предупредува тој.
Овие броеви го нагласуваат парадоксот: постојат ризици поради високиот долг, но политиката на некои големи централни банки само го стимулира неговото зголемување, пишува “Фајненшл тајмс”.
Во последните години ФЕД, ЕЦБ и “банк оф Инлглад” ги намалија каматите до рекордно ниски нивоа и започнаа програми за купување на обврзници со цел да се стимулира економијата и кредитирањето. Покрај тоа, ММФ ги советува владите да користат кредити за финансирање на буџетските расходи и на тој начин да се стимулира економскиот раст. Овој совет има смисла да биде следен таму каде што нема ризици, забележува Дмитриј Полевој од ING. Проблемот е во тоа што во развиените земји долгот веќе е висок и не се очекуваат значителни подобрувања во економијата.
Во ефикасноста на фискално стимулирање се сомнева главниот економист на Министерството за финансии на Германија Лјудгер Шукнехт. Во колумната во “Волстрит џурнал” тој пишува дека ниската цена на кредитите не треба да ги прави владите безумни. Според него државниот долг во многу земји е огромен, а можностите за фискално стимулирање – тие се првенствено резултат од меката монетарна политика на централните банки, но еден ден тие ќе треба да бисдат жестоки.
Самиот ММФ забележува дека таквата стимулација е неефикасна во условите на целосна вработеност, а САД, Германија, Велика Британија и други земји со големи економии се блиски до неа, забележува Шукнехт. Но Велика Британија е подготвена да го стори тоа, “Банк оф Ингланд” ја намали клучната каматна стапка во август до 0,5%. Новата британска влада планира да ги зголеми инвестициите во инфраструктура, користејќи евтини кредити, пишува “Фајненшл тајмс”, повикувајќи се на Џорџ Фриман, советник на премиерот Тереза Меј.