Мареј триумфираше во Пекинг

од Vladimir Zorba
148 прегледи

 

Британскиот тенисер Енди Мареј го освои трофејот на АТП турнирот во Пекинг.5103759

Тој денеска во финалето го совлада Бугаринот Григор Димитров со 2-0, по сетови 6:4 и 7:6.

За Мареј ова е вкупно петти во 2016 година и вкупно 40. во неговата кариера.

Во главниот кинески град се одигра финалето и во женска конкуренција. Победничка на ВТА турнирот е Агњешка Радванска од Полска која во мечот за трофејот беше подобра од Јохана Конта (Велика Британија) со 2-0, по сетови 6:4 и 6:2.