Најмалата сестра на Ким Кардашијан, дефинитивно знае како да ги собере “лајковите” на социјалните медиуми. Кајли Џенер која има преку 76 милиони следбеници на инстаграм, ги разбуди сите нејзини обожаватели со жешко селфи.
19-годишната ѕвезда, се пофали со нејзината прекрасна фигура, додека позираше во лежерна кратка блуза и црни гаќи.
Изгледа дека Кајли, која покрива дел од нејзиното лице со мобилниот што го држи во раката, селфито го направила во купатилото во нејзината 6-милионската куќа во населбата “Hidden Hills”. На фотографијата, таа веќе има 2 милиони “лајкови”.
Taa претходно, исто така објави своја секси слика на социјалните сајтови. Во чекор со Ким таа си го покажа задникот и ја сплете косата во плетенки, но остана без зборови за вооружениот грабеж над нејзината сестра Кардашијан во Париз.
Целото ѕвездено семејство молчи околу случката со Кардашијан за време на модната недела во Париз. Затоа пак мнозина се посомневаа и многу медиуми ја изразија идејата дека тоа е прилично јасен PR потег.