Шејлин Вудли беше уапсена за прекршување на правилата, додека протестираше за нафтоводот “Dakota Access”, во понеделникот.
Ѕвездата на филмовите “Divergent” беше однесена во лисици откако учествуваше на – она што таа го нарече – “мирен протест” во “Siux County” во Северна Дакота. Снимката од нејзиното апсење беше споделена на нејзиниот фејсбук профил.
Таа беше една од 100-те протестанти на градилиштето за контроверзниот проект за нафтовод. Според “TMZ”, уште неколку луѓе се уапсени. Мајката на Шејлин го сними нејзиното апсење и го сподели на фејсбук. Во клипот, ѕвездата неколку пати тврди дека ја апсат само затоа што е позната, додека другите што учествувале во протестот, слободно си заминале. 
“Но зошто само мене ме апсите, а не другите што беа таму? Дали затоа што сум позната? Дали затоа што луѓето знаат која сум јас?” прашува таа. Шејлин силно ја водеше кампањата против нафтоводот и присуствуваше на митингот во Вашингтон во август.
Протестите започнаа откако федералниот судија го одби барањето на племето “The Standing Rock Sioux” за трајна забрана и блокирање на нафтоводот, проект што чини 3,7 билиони долари.
Погледнето го видеото од нејзиното апсење!
https://www.youtube.com/watch?v=8SLaSVfCAEI