Близу 13 милиони туристи во Рим отседнуваат во нелиценцирани објекти кршејќи го Законот против тероризмот

од Vladimir Zorba
95 прегледи

 

 

Речиси 35 илјади туристи секојдневно отседнуваат во Рим во нелиценцирани објекти, тврду римската филијала на Федерацијата на хотелиерите во Италија (Федералберги).1000_1472461928rim

Од тоа произлегува дека речиси 13 милиони туристи годишно не плаќаат туристичка такса и ја оштетуваат општинската каса за 30 милиони евра.

Неплатените даноци, пак, носат големи загуби за државата.

Но, проблемот не се сведува само на фискалните штети и нелојалната конкуренција. Овие туристи „духови“ не се регистрираат од сопствениците на нелиценцирани пансиони и апартмани во туристичката понуда.download

Тие прават резервации преку интернет, ги добиваат клучевите од лице испратено од сопственикот, а веројатно некои од нив дури и немаат претстава дека користат незаконски туристички услуги.

Освен тоа, никој не знае дали меѓу нив нема терористи, криумчари и секакви други категории злонамерни лица. Така се крши и законот за борба против тероризмот.

Невините туристи се изложени на ризик затоа што не знаат дали пансионот или апартманот одговара на противпожарните, хигиенските и урбанистичките барања за давање туристички услуги.

– Овие факти би требало да предизвикаат тревога. Повеќе пати сме ги алармирале институциите и останатите органи за контрола, но како одговор добиваме само ветувања и никакви промени, вели Џузепе Роштони, кој е претседател на римската филијала на Федералберги.download-1

Тој додава дека се смениле повеќе општински управи, но проблемот останува.

– Не знам дали тоа се должи на немањето желба или неможноста да се воведе ред. Се надевам дека нема да се случи нешто сериозно, за конечно да се реагира и да се искорени оваа појава, зкалучува Роштони