Русија и Кина преземаат “адекватни одмазнички мерки” за да се задржи рамнотежата во стратешките вооружувања, загрозени од создавањето на САД на глобален систем за противракетна одбрана (ПРО). Ова го изјави Виктор Познихир, висок функционер од рускиот Генералштаб, на Сјаншанскиот форум за безбедност во Пекинг, пренесе ТАСС.

Според зборовите на генералот воени експерти од Русија и Кина ги анализирале борбените можности на глобалната ПРО на САД и утврдиле дека овој систем “суштински ја менува рамнотежата на моќта во областа на офанзивните вооружувања, бидејќи овозможува поефикасно да се планира пресретнување на ракетен удар “. Познихир не прецизираше за какви одмазднички мерки станува збор.
Во 2002 година, САД се повлекоа еднострано од Договорот за ПРО, склучен во 1972 г .; потоа Пентагон презема активности за создавање на национален систем за ПРО, посочува ТАСС. Земјените комплекси за ПРО се сместуваат и во Европа, како што тврдат САД, за заштита од иранската нуклеарна закана. Оваа програма силно ја загрижува Русија, која гледа во системот за ПРО најмногу закана за своите нуклеарни сили.
Со изградба на глобален систем за ПРО САД се надеваат дека ќе ја добијат “можноста неказнето да нанесат ненадеен ракетно-нуклеарен удар во која и да е точка” од земјината топка, вклучувајќи во Русија и Кина, изјави Познихир, повикувајќи се на руски воени експерти.
Системите за ПРО на САД, какви што се наоѓаат на пример во Романија и Полска, можат да истрелуваат ракети со голем дострел и претставуваат офанзивно оружје. “Аргументите на САД дека во надземната варијанта овие комплекси не можат да користат ракети поради особености во конструкцијата и софтверски алгоритамски ограничувања, се најблаго речено, неубедливи”, рече рускиот воен експерт.
“Уреди кои божем не даваат можност да се стават ракети во контејнерите на копнените комплекси, лесно се отстрануваат, а софтверот се инсталира. Опсегот на ракети” Томаховк “е 2.500 километри, затоа тие може да ја загрозат цела европска Русија”, продолжи Познихир.
Употребата од САД на бродски лансирни летала за ракети во надземна опција е прекршување на Договорот за ракетите со среден и мал дострел, кој забранува да се имаат земни комплекси со ракети со дострел над 500 километри, рече тој.
Предвидено е средствата создадени во рамките на концептот за моментален глобален удар, да нанесат разоружувачки удари по нуклеарните сили на нападнатата земја, а преживеаните нејзини ракети, истрелани кон САД за одмазда, да бидат уништени од ешелонираниот систем за ПРО, објасни генералот.