“Самсунг” го запира конечно производството на своите смартфони Galaxy Note 7, откако претходно ја прекина глобалната продажба на веќе произведените примероци.
Претходно “Самсунг” предупредија дека некои од нивните телефони од серијата се самозапалувале поради дефект во литиум-ионата батерија за време на полнењето.
Крајната мерка за престанок на производството беше воведена, откако стана јасно дека дури и заменетите телефони можат да предизвикаат пожар. Како превентивна мерка пред помалку од еден месец јужнокорејската компанија објави дека повлекува од неколку пазарот 2,5 милиони копии од телефоните.
Ден откако соопшти дека прави промени во производните количини на телефонот, “Самсунг” соопшти дека ја “става безбедноста на корисниците на прво место” и го запира целосно производство на моделот.
Претходно вчера дистрибутерите на телефоните добија наредба да ја прекинат продажбата и замените на мобилни уреди. Сепак клиентите ќе можат да добијат враќање на средствата за веќе купен Galaxy Note 7 или замена со други уреди на компанијата со иста вредност.
Аналитичарите не исклучија неисправностите на последниот модел на “Самсунг” да се должат на премногу раното пуштање во продажба во обид да се одговори на конкуренцијата на “Епл” и нивниот iPhone 7. Според Линда Суи, стратешки директор на компанијата Strategy Analytics, не е исклучено проблемите на Galaxy Note 7 да чинат “Самсунг” повеќе од 10 милиони долари.
“А, влијанието на сликата на брендот и довербата на потрошувачите ќе е уште полошо”, додава таа.