Ким Кардашијан го тужи сајтот кој ја обвини дека нападот бил лажен

од Vladimir Zorba
81 прегледи

Американската телевизиска ѕвезда Ким Кардашијан го повика на суд сајтот MediaTakeout чии новинари велат дека ѕвездата ја измислила приказната за грабежот во Париз минатата недела.5109733 Случајот беше покренат вчера во федералниот окружен суд во Њујорк. Како што е наведено во документот, новинарите од MediaTakeout “изјавија без никаква основа, дека Кардашијан измислила приказна за грабежот, лажела за грозоморниот напад врз неа, а потоа преку измама побарала од осигурителна компанија оштета од милиони долари.”

Адвокатите на Кардашијан го обвинуваат сајтот и лично неговиот основач Фред Муангагугухунга за клевета и побараа надомест. Големината не се прецизира.

Во тужбата е напоменато дека претставниците на MediaTakeout одбиле да објават демант или извинување до Кардашијан.

Од веб-сајтот се уште нема коментар за случајот. Како што веќе беше објавено, во текот на ноќта на 3 октомври неколку мажи во полициски униформи и маски упаднале во собата на Кардашијан. Ѝ се заканиле на 35-годишната риалити ѕвезда со огнено оружје, но не ја повредиле. Откако ѝ го зеле сиот нејзин личен накит, криминалците побегнале со плен во непознат правец. Според некои пораки украденото е во вредност од близу 10 милиони долари.