Раскошниот задник на риалити ѕвездата Ким Кардашијан инспирира илјадници жени ширум светот да обрнат внимание на задникот – било да е тоа преку вежбање или со помош на пластичната хирургија. Излегува дека младинец од Мелбурн наскоро може да се претвори во машката варијанта на партнерот на раперот Кание Вест. Реби Ру е на 18 години и дели во социјалните медиуми смели слики на задникот, кои му водат доста следбеници. Тој може да се пофали со 8 000 лајкови во Instagram, наведува Daily Mail.
Се разбира, момчето сеуште е далеку од постигнувањето на Ким, која има 84.8 милиони следбеници во истата социјална мрежа. Ѕвездата сепак во моментов си дала одмор, сеуште под стрес од бруталниот грабеж, на кој стана жртва во Париз. Благодарение на неа, денес, освен селфи, во светот се популарни и друг тип самоснимки – т.н. белфија, или слики на задникот. Минатата година податоците покажаа дека пластичните операции на задни делови се зголемиле за 98 отсто во однос на 2014 година, главно благодарение на такви раскошни ѕвезди како Ким Кардашијан и Ники Минаж.