Со “дрва и камења” против Тито во Словенија! УДБА тргувала со дрога, шверц на цигари и скапоцености…

од desk3
136 прегледи

Државна безбедност на југо-диктаторот Јосип Броз Тито (УДБА) учествувала во трговија со дрога, шверц на цигари и скапоцености.

Ова станува јасно од архивираните документи на УДБА, кои беа откриени од словенечките власти.

download-2

Првиот документ е од 1946 година и од него станува јасно дека тогашниот Титов министер за надворешна трговија Никола Петровиќ договорил во Неапол купување на 46 тони семе за производство на канабис.

Петровиќ ја “исплатил пратката со 40 милиони цигари, кои поминале преку шверц низ Трст”, пишува во еден од документите.

Според словенечките медиуми УДБА работела со босот на тогашната сицилијанската мафија Лаки Лучијано, кој организирал шверц на дрога од Централна Азија преку Турција и Италија до Југославија.

Во архивите има податоци дека одобренијата и организацијата за дрога се донесени лично од десната рака на Тито Александар Танковиќ, тогашен министер за внатрешни работи и творец на УДБА.

download-3

Во средината на 60-тите години УДБА го “проширила својот бизнис и создава банка, која ги финансира казината “. Во оваа криминална мрежа главна улога повторно имаат италијанските мафијаши.

УДБА учествувала и во шверц на скапоцености и накит.

Управата за државна безбедност била оперативна на истиот принцип како КГБ. Како цивилна контраразузнавачката служба таа е во Министерството за внатрешни работи (подоцна сојузен секретаријат за внатрешни работи) и се состои од четири главни одделенија, кои се занимаваат со: внатрешни непријатели, емиграцијата, странските разузнавачки служби и техника на набљудување и прислушување. Канцеларијата акумулира огромна власт, која почнува да се заканува дури претседателот на Југославија Јосип Броз Тито.