Венворт Милер ги уверува оние што имаат потешкотии да ја откријат нивната сексуална ориентација, дека тие ќе ја најдат поддршката што им е потребна.

44-годишниот актер, во интервју за списанието “Attitude”, изјави:
“Ќе го кажам она што го кажале и другите: “станува подобро, eден ден ќе си го најдете вашето племe”. Само треба да верувате дека некои луѓе ве чекаат за да ве сакаат и да ве прослават за она што сте.”

Мислејќи на неговото искуство пред да открие дека е хомосексуалец, тој додаде:
“Во меѓувреме, реалноста е дека можеби вие сами ќе си бидете сопствено племе. Можеби вие ќе си бидете најдобар пријател на себеси. Тоа не е нешто што можете да го научите во училиште. Па започнете да се сакате самите себеси.”
Ѕвездата, кој ја игра улогата на Мајкл Скофилд во хит серијата “Prison Break”, јавно ја потврди неговата сексуална ориентација во 2013-та година. Тој претходно откри за неговите потешкотии со депресија, самоомраза и суицидни мисли.

Актерот исто така, претходно изминатава година на неговиот фејсбук профил објасни:
“Јас патев во тишина. Како и многу други. Степенот на мојата потешкотија е позната на многу, многу малку личности. Засрамен и во болка, се сметав себеси за оштетен. Гласовите во мојата глава ме повикаа надолу по патот на самоуништување и тоа не за прв пат. Јас се борам со депресија уште од детството. Тоа е борба што ме чинеше време, можности, врски и 1000 непроспиени ноќи.”

Британскиот актер позираше за насловната страница на списанието, откако беше избран за нивниот човек на годината.
Тој следната година се враќа во улогата на Мајкл Скофилд од “Prison Break”, што му ја дефинираше кариерата.