Вирус краде ДНК од отровот на пајакот Црната вдовица

од desk3
106 прегледи

Во обид да го пронајдат геномот на необичен вирус, тим од научници направил чудно откритие: една третина од гените на заразата биле како животински и се совпаѓале со ДНК на токсин кој се наоѓал во отровот на познатиот пајакот Црна вдовица. повикувајќи се на Science Alert .Уште не е јасно како вирусот го има стекнато ДНК-то на пајакот, како и евентуално ДНК од други животни, но научниците претпоставуваат дека е”зел” гени, за да си ја олесни работата. A тоа е – да инфицира бактерии кои живеат во пајаци и инсекти.

1476433121-shutterstock-163898210

“Да откриеме ДНК, која е поврзана со генот на токсинот на Црната вдовица, беше целосно изненадување, бидејќи ова е прв регистриран случај кога фаг – вирус, односно таков кој инфицира бактерија носи ДНК, слична на животинска “, вели биологот Сет Борденстијн од Универзитетот Вандербилт.

Овој вирус, наречен WO е бактериофаг и ха напаѓа бактеријата Wolbachia. Но некако развил метод да нападне и животински клетки.

“Ова е прв случај во кој вирус инфицира повеќе области на живот”, вели биологот Ализабет МакГроу од Универзитетот Монаш во Австралија.