Браќата Крис Хемсурт и Лиам Хемсурт, Зак Ефрон и Габриел Махт се вклучија во големата кампања на социјалните мрежи. Тие објавија фотографии на кои се со лакирани нокти.
Причината не е нова мода, туку кампањата за заштита на децата жртви на насилство.
“Се гордеам да сум #PolishedMan овој месец и да кажеме” не “на насилството врз децата. Едно на секои 5 деца станува предмет на физичко и / или сексуално насилство, пред да наполни 17 години”, напиша Зак во неговиот профил во “Инстаграм”.
Првиот, кој одлучи да ги поддржи “машките нокти”, е Крис Хемсурт. Илјадници мажи во светот се вклучија во кампањата, а досега за добротворни цели беа собрани над 500 000 долари.
PolishedMan е слична на ALS Ice Bucket Challenge во помош на борбата против амиотрофична латерална склероза.