Убивањето е дел од човековата еволуција

од Vladimir Zorba
85 прегледи

 

 

 

Склоноста кон насилството е својствена за човекот, а може да се објасни со неговото еволуциско минато, наведуваат група научници во текст објавен во списанието „Нејчер”. download-76

Стеблото на видовите ја илустрира подготвеноста на насилство кај 1.024 видови цицачи, а манифестирањето на срмтоносна агресивност се зголемува со интензитетот на боите, почнувајќи од жолтата до темноцрвената. Ограноците на стеблото се развиваат од средината на кругот, на потеклото на сите видови цицачи, кон нанадвор, се до денешните видови, кои се прикажани во облик на силуети.

Црвениот триаголник горе лево ја означува денешната положба на човекот во еволутивното стебло на цицачите. Клучните точки на човечкиот развој се означени со црвена боја, сите други со црна.

Тоа што паѓа во очи е дека на места каде има многу црвени точки има и многу црвени и жолти линии. Се покажало дека семејството на приматите, од кои се развиле хоминидите, а со самото тоа и луѓето, е најсилно во историјата на развојот.

Месојадците не се поагресивни

Зарем не би било логично животните кои се хранат само со месо (на пример лавовите) да бидат поагресивни, со самото тоа што се принудени да убиваат за да преживеат? Не, во овој случај, бидејќи во својата студија научниците го дефинираат насилството како смртоносна агресивност кон припадниците на сопствениот вид.

На пример, тука го вброиле убивањето на сопственото потомоство, случаи на канибализам, убивање во борба за подрачја и слично.

Научниците собрани околу Шпанецот Хозе Марио Гомез собрале податоци за четири милиони случаи на смртоносна агресивност меѓу цицачите од 137 различни семејства. Тоа е околу 80 отсто од сите семејства на цицачите. Потоа го пресметале уделот на припадниците на ист вид во тие убиства.

На почетокот на еволуцијата на цицачите тој удел изнесувал 0,3 отсто, значи од 1.000 животни околу три биле припадници на ист вид. Меѓу приматите тој удел денес изнесува околу два отсто.

Иако податоците не се сосема прецизни, ваквиот развој покажува дека примената на сила за убивање е длабоко вкоренета во наследството на приматите, тврдат научниците.

Човекот е понасилен од многу цицачи

Со самото тоа, студијата зборува во прилог на претпоставката дека и човекот по природа е понасилен од многу други цицачи, пишува биологот Марк Пагел, кој учествувал во студијата. Таквиот резултат се поклопува со истражувања кои покажуваат дека заедниците на ловците и собирачите „постојано се судирале”.

За да го разбереме подобро развојот на тоа насилство, научниците направиле уште неколку студии за да утврдат колку тоа било распространето во човечката популација во последните 50.000 години.

Притоа откриле дека размерите на смртоносната агресивност во текот на илјадници години силно осцилирале и дека уделот на убиствата на почетокот на еволуцијата на човекот изнесувал околу два отсто, за во тек на извесен период значително да се зголеми. Во последните сто години, подготвеноста на насилството во човечкиот вид повторно опаѓа.

Уделот на смртоносната агресивност не е непроменлив, туку само се менувал во текот на развојот на нашата историја, објаснуваат научниците. Тие претпоставуваат дека културата и еколошките услови влијаеле на подготвеноста на насилство.

Организирањето во државите веројатно исто така придонело за намалување на бројот на убиствата, што е исто така човечка специфичност.

Цајт.де – Берлин