Ушаков: Русија ќе возврати на планот на ЦИА за кибер напад врз нашето раководство

од Vladimir Zorba
76 прегледи

 

Претставникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, денеска изјави дека Москва ќе одговори на плановите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) за подготовка на кијбер напад врз руското раководство, пренесе Танјуг.hakeri

-Секако дека тоа ќе го сториме. Ова е веќе на работ на непристојност, изјави Ушаков на маргините на самитот на државите од БРИКС, што се одржува во индиското одморалиште Бенаулим.

Ен-Би-Си њуз, вчера, цитирајќи американски разузнавачки претставници, објави дека администрацијата на Обама „размислува за тајна кибер операција без преседан против Русија во знак на одмазда за наводното руско мешање во американските претседателски избори“.