Секој видел луѓе, кои се исклучително убедени во својот изглед и квалитети. Често сме се прашале: “Како го постигнуваат тоа?”. Одговорот е едноставен. Меѓу високо самодоверба и нарцизмот постои огромна разлика.

Нарцисите се убедени дека ги надминуваат другите. Тоа сепак, не значи дека тие задолжително се чувствуваат добро во однос на себе.
За разлика од нив, луѓето со висока самодоверба природно се одобруваат и се допаѓаат на себе, но не чувствуваат дека ги надминуваат другите.
Ново истражување ја докажува разликата, и ја покажува како високата самодоверба и нарцисистите се разликуваат.
“На прв поглед, нарцисизмот и високата самодоверба изгледаат подеднакво, но тие се разликуваат по својата природа”, вели водечкиот автор на студијата, д-р Еди Брумелман.
Нарцисите се чувствуваат подобро од другите, но не е задолжително да се задоволни од себе.
Обично луѓето кои имаат висока самодоверба високо се ценат себе, но не гледаат на себе како на поценети од другите.
Нарцисот, истовремено, има желба да му се восхитуваат и брзо може да се кара и да стане агресивен.
Авторите на студијата објаснуваат дека преценувањето на децата може да предизвика високи нивоа на нарцизам:
“Родитеите и воспитувачите треба да изразуваат љубов и признание кон децата без да ги прогласуваат за подобри од другите.”
Така тие ќе им помогнат на децата да се задоволни од себе, без да се сметаат да подобри од останатите.
Постојат начини на кои може да им помогне на луѓето со ниска самодоверба и да се “отстапат” други луѓе од нарцистичките верувања за себе, тврдат научниците.
Еден од овие начини е да се натераат да размислат за работите на кои си личат со другите луѓе. Тоа според авторите на студијата ги намалува нивоата на нарцизам.
Од друга страна, кога ќе се помогне на луѓето да го прифатат туѓото признание (на пример, кога мора да се опише значењето и важноста на добрите зборови искажани за нив), тоа го зголемува нивото на нивната самодоверба, особено кај луѓето кои најмногу имаат потреба од тоа: оние со ниско самопочитување.
“Во последните децении западните млади стануваат нарцистички. Затоа е важно да се развијат интервенции кои го ограничуваат нарцизмот и ја зголемуваат самодовербата.”