Мобилниот телефон може да ве полуди, погледнете како…

од desk3
90 прегледи

Најверојатно уште пред да го дочитате овој материјал, ќе погледнете барем еднаш екранот на телефонот, што само го потврдува напишаното! Според истражувачите од Pew Research Center 92% од Американците поседуваат мобилни телефони, а 90% од нив тврдат дека не се одвојуваат од своето мобилно средтсво.Живееме во технолошки век и тоа на прв поглед не изгледа воопшто чудно, но вистината е дека зависноста на телефонот може да ве донесе до параноја.

1476611087-sistemen-bufer-2

Еве како буквално телефоните ни излудува:

Синдромот на слаба батерија
Американско истражување покажува дека речиси секој 5-ти носител на мобилен телефон страда од слична “болест”. Таа се изразува во тоа што човек се чувствува постојано загрижен да не му падне батеријата, а кога таа добива под 20% и нема полнач наоколу, запаѓа во паника.

Вибрирачки синдром
Повеќе ретка состојба, но сепак луда. Тоа се изразува во постојаното чувство дека телефонот во џеб вибрира. Кога ќе го погледнете сепак, во повеќето случаи нема никакво ѕвонење и известување.

Стравот да не останете “изолиран”
Тој е типичен за зависниците од социјалната мрежа. При оваа состојба човек не одделува очи од екранот и трага како орел што се случува во социјалните мрежи. Стравот да не остане надвор од случувањата во мрежата е речиси паничен.

Номофобија

Вие сте номофоб, ако се плашите да не останете без телефон и дури и мислата за тоа предизвикува иритација, депресија и акутна паника. Како да се заштитите од овие состојби? Како за почеток експертите советуваат да си направите распоред кога да го проверувате телефон (освен ако немате ѕвонење, пошта или СМС во работно време. Започнете со интервали од по 15 минути. Постепено зголемувајте го овој временски опсег.