Бијонсе Ноулс дефинитивно знае како да приреди добро шоу со своите спектакуларни изведби на сцената.

Па така и овој пат, таа не дозволи едно крваво уво да го наруши нејзиниот настап за “Tidal X: 1015” во “Brooklyn’s Barclays Center” во саботата вечер.
https://twitter.com/weloveknowles/status/787682906684682240?ref_src=twsrc%5Etfw
35-годишната поп-дива покажа моќ на сцената за време на добротворниот концерт на нејзиниот маж Џеј Зи, и покрај тоа што нејзината обетка насилно и се откина од увото.

Резултатот од повредата беше толку лош што и течеше крв по вратот што предизвика ужас кај нејзините гледачи.
Некои од фановите шпекулираа дека нејзината долга плетенка беше причината за болниот инцидент.

Како и да е, Бијонсе како вистински професиналец, само ја избриша крвта со прстот и не придаде никакво значење на повредата.