Голем одзив и тенка победи или пораз на Мило, на изборите во Црна Гора

од Vladimir Zorba
137 прегледи

Владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) на црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ победи на вчерашните парламентарни избори во Црна Гора, освојувајќи најмногу гласови, но не и апсолутно мнозинство во Парламентот. tsrna-gora-glas

Како што јави Танјуг, според резултатите од 94 отсто обработени гласачки места, ДПС освоила 41,1 отсто од гласовите и 36 пратеници во 81-членото Собрание на Црна Гора.

На второто место се пласира опозискиот блок Демократси фронт со 20,4 отсто освоени гласови и 18 мандати, а на третото место Големата коалиција “Клуч“ со 10,6 проценти од гласовите и девет пратеници.

Партијата Демократи на Алекса Бечиќ освои 9,7 отсто од гласовите, со што доби осум пратеници, а Социјалдемократската партија (СДП) пет процени и четири мандати.

По две места во Парламентот освоија Бошњачката партија (БС) и партијата Социјалдемократи, а по еден мандат Хрватската граѓанска иницијатива (ХГИ) и коалицијата „Албанци решително“.

Најголем неуспех на изборите доживеа партијата Позитивна Црна Гора, која освои само 1,3 отсто од гласовите и не успеа да го мине изборниот цензус.

Одѕивот на изборите бил 73,2 отсто.

По објавувањето на првичните нецелосни резултати од изборите, Ѓукановиќ прогласи победа на неговата партија.

– Ја заштитивме земјата и правото да управуваме со нашата иднина, рече Ѓукановиќ, додавајќи дека Црна Гора ќе продолжи на патот за членство во ЕУ и НАТО.

На партијата на Ѓукановиќ и недостасуваат пет мандати за апсолутно мнозинство во Парламнетот, но нив лесно може да ги обезбеди од редовите на малцинските партии, кои традиционално коалицираат со ДПС, и да формира мнозинска влада.

Ѓукановиќ најави дека веднаш по објавување на конечните резултати од изборите, ќе започне со преговори за формирање коалиција со Социјалдемократите и со партиите на националните малцинства.

Но, од друга страна, лидерот на ДФ, Емилио Лабудовиќ пак прогласи „победа на опозицијата“ на вчерашните избори.

– Резултатите покажуваат дека опозицијата ја има победата, односно 42 мандати. Црна Гора се ослободува од спрегите на ДПС. Почитувани граѓани на Црна Гора, слободата пристигнува и јас ви ја честитам, изјави Лабудивиќ.