Тоа беше атмосфера на државен удар! Владејачката партија победи но и треба коалиција за Црна Гора

од Vladimir Zorba
86 прегледи

Ѓукановиќ е несменетиот лидер веќе четвртина век.

milooo

Партијата на премиерот Мило Ѓукановиќ победи на парламентарните избори во Црна Гора, кои се одржаа во неделата во напната атмосфера. Властите тврдат дека  спречиле мистериозен заговор на Срби, чија цел е да ја урне оваа власт  . Според конечните резултати, Демократската партија на социјалистите (ДПС) на поранешниот политички партнер на Слободан Милошевиќ, станал верен сојузник на Запад, ќе има 36 од 81-те места во парламентот, со малку над 40% од гласовите. Тоа е двојно повеќе од проруски формација Демократски фронт (ДФ). Тоа е недоволна предност, за да владее сама и да  се наметнува без сојузник за  членството на земјата во НАТО, што предизвикува остри критики на проруски настроените и длабоко  го подели јавното мислење во оваа претежно православна земја. А Мило Ѓукановиќ се пофали со “големината на победата” на партијата, ноако ги вклучува во сметката и партиите на бошњачкото, албанското и хрватското малцинство, за да направи коалиција како онаа која тој ја води од 2012 година. Ќе стане можно да се “ратификуваше протоколот за пристапување кон НАТО” и да се “забрзаат разговорите” со Европската унија, започнати во 2012 година, рече тој во неделата вечерта под овации на приврзаници.

И ниту збор за обидот за театарската преврат на денот: веста за апсењето на дваесет Срби во текот на ноќта на саботата против неделата во оваа мала балканска земја со 640 илјади жители.

Ѓукановиќ, кој сега е на 54 години, раководи веќе  четвртина век, што го прави овој економист по професија најдолго владеачкиот во моментов Европеец.

“Дебелашка пропаганда”

Уште со објавувањето на заговорот за државен удар, Андрија Мандиќ, кој е лидер на Демократскиот фронт, проруски партија, ги отфрли тврдења   како “дебелашка пропаганда”. Критичарите обвинуваат за  авторитаризмот на  Мило Ѓукановиќ и му  припишуваат користење на дипломатски прашања, за да го одвлече вниманието од внатрешните проблеми, корупцијата или економските тешкотии. “Затоа ние си останавме со него во текот на 27 години”, рече  пред изборите Љубо Филиповиќ, поранешен заменик-градоначалник на крајбрежниот град Будва.

tsrna-gora-glasВо Белград на српскиот премиер Александар Вучиќ му беше тешко да ги сокријат своите сомнежи за апсењето на сонародниците, изненаден “дека ова се случува денес”. “За останатото, подобро е да си го гризна јазикот трипати и да молчи”, рече Вучиќ.

Белград и Подгорица одржуваат односи со стиснати заби, откако Црна Гора ја призна независноста на Косово во 2008 година Членството во НАТО е другото  јаболко на раздорот со Белград, традиционален сојузник на Москва во регионот. Никакви инциденти не беа регистрирани во Подгорица, покрај возбудата, од ненадејната полициска акција. Министерството за внатрешни работи, исто како православната црква и Демократскиот фронт, ги повика Црногорците не да не излегуваат на улиците. Преградите беа подигнати уште од изутрина крај парламентот, каде што имаше бурни демонстрации по прашањето за приклучување кон НАТО во 2015.

“Атмосфера на државен удар”

Според полицијата и правда на Црна Гора, наводните заговарачи предвидувале  да се вооружат и да извршат “напади” против толпата која чека за резултатите пред парламентот. Тие планирале и да го отстранат премиерот, да ја преземат контролата на парламентот и да “објават победата на одредени политички партии”, според обвинителството во Подгорица, која не соопшти за која партија може да се однесува. Никакви оружје не беа прикажани на медиумите, а  можеа да ги сликаат само осомничените, однесени на распит со наведнати глави. Призната како Бранислав Дикич од црногорски и српски медиуми, шефот на групата е пензиониран генерал на српската жандармеријата, роден во 1970 година, активист на организација која ги штити правата на ветераните. На 4 март тој зборуваше на митингот против НАТО во српскиот град Ниш.

Недељко Рудовиќ, вработен на опозициската коалиција Кључ, рече во неделата вечерта, дека овие избори “не може да се опише како слободни”. “Превратаџиската атмосфера беше формирана и тоа влијаеше на слободно изразување на мислењето на Црногорците”, изјави партискиот активист на проевропската движење, кое сепак е за  референдум за членство во НАТО./АФП