Ниту СЈО, ниту ИЕ 6! Се распушти Собранието, избори на 11 декември…

од desk3
107 прегледи

sobranie2
Со 110 глаза “за” и ниту еден “против” пратениците го распуштија македонското собрание. Изборите ќе се на 11 декември.

Изборниот законик експлицитно вели дека разликата меѓу гласачите во изборните единици треба да биде +/- 5% , а единствено од овој процент отстапува 6-тата изборна едниница со 0,28% повеќе гласачи од останатите изборни единици. Поради ова, предлог за измени на Изборникот законик поднесоа пратениците на ДПА, но нивниот предлог беше одбиен од мнозинството.

Пред распуштањето, пратеникот Павле Трајанов предложи на дневен ред да се стават законските измени за работата на СЈО, но и тој предлог беше одбиен.

Пред почетокот на расправата за распуштање, пратениците ги избраа Дејан Бошковски и Енвер Елмази за членови на Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија. Собранието ги донесе и измените и дополнувањата на Законот за банките, на Законот за иновациска дејност и програмата за одбележување јубилејни годишнини за значајни настани и личности