Само мал дел од сценаријата ја исклучуваат употребата на нуклеарно оружје.

При трета светска војна само мал дел од сценаријата ја исклучуваат употребата на нуклеарно оружје
Некои претставници на американската воена команда се на мислење дека конфликтот меѓу САД и / или НАТО со Русија или со Кина ќе продолжи “неколку минути”, се вели во публикацијата. Според нив, третата светска војна ќе биде “безмилосна и брза”.
Претходно началникот на американските копнени сили генерал Марк Мили изјави дека војната меѓу најголемите држави е “практично неизбежна”, а вештачкиот интелект и прецизните оружја ќе бидат главни борбени средства во конфликтот. Со нивната употреба дури војна со конвенционално оружје ќе заврши за неколку минути, пишува Inquisitr.
Американскиот генерал Вилијамс Хикс исто смета дека “обичен конфликт во блиска иднина ќе биде вонредно крвопролевање и брзи, а нема да треба ни секунда”.
Покрај тоа, според зборовите на Хикс, техничкиот напредок ќе отиде толку далеку што меѓу луѓето и машините ќе се воспостават сосема други односи: техниката ќе работи побрзо и ќе презема се поголем дел од одлуките, а тоа фрла предизвици за човештвото .
Засега во светот се водат помали глобални конфликти, во кои големите држави ги заговараат своите интереси, учествувајќи посреднички.
Тие ги анализирале ситуациите во Украина, во Сирија и во Пацификот. Сите тие се театри на посредните борбени активности кои ќе доведат до “нова трка на вооружување меѓу САД, Русија и Кина”. Овие земји сами ќе развиваат најефикасна воена техника за “војни од следната генерација”, пишува весникот.