(ВИДЕО) Џос Стоун ја отпеа „Кој да ми запее“ заедно со Каролина Гочева

од Vladimir Zorba
133 прегледи

Младата Џос Стоун викендов го помина во Скопје, по повод нејзиниот концерт во рамките на Скопскиот џез фестивал. Таа покрај за подготовки за настапот, сепак искористи голем дел од времето за да се запознае со Македонија.ghg

Во својот распоред, таа одвои време и за посета на Градскиот парк и тоа неслучајно, туку за да се сретне со македонската ѕвезда Каролина Гочева. А, за време на средбата, Џос и Каролина, придружени од прекрасни музичари, ја изведоа на фасцинантен начин баладата на Каролина “Кој да ми запее?“. На почетокот на видеото Џос ја прашува за значењето на текстот (бидејќи и таа ја изведува на македонски јазик), а Каролина ѝ објаснува дека се работи за многу тажна љубовна песна.

Џос, покрај неколкуте фотографии од Скопје, го објави и видеото од соработката на својот профил на Фејсбук, придружено со следниот текст:

„Еве го целосното видео од нашата македонска соработка со убавата Каролина Гочева. Таа има толку прекрасен и инспирирачки глас. Ние си поминавме навистина прекрасно за време на изведбата на оваа песна заедно, ми го направи денот неверојатно посебен.

Ти благодарам многу Македонија, колку прекрасна земја со толку мили луѓе, се надевам дека ќе се видиме наскоро“.

А, како звучеа двата прекрасни вокали заедно, слушнете и сами.