ФИФА отвори истрага против селекцијата на Косово и на Хрватска

од desk3
100 прегледи

Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) денеска покрена дисциплинска постапка против Косовската и Хрватската федерација поради скандирање на нивните навивачи „Убиј го Србинот“ за време на неодамнешниот натпревар на двете селекции во квалификациите за Светското првенство во Русија.

kosovofifa-55491

Како што пренесува „АП“, ФИФА се уште не објави кога ќе се одлучува за можните казни.

Натпреварот меѓу двата тима се одигра во Албанија во Скадар, затоа што Косовската федерација нема дозвола да биде домаќин на свој терен.

Хрватска која победи на натпреварот со 6:0, веќе е под суспензија од ФИФА со два натпревари без публика дома поради нереди на нејзините навивачи./MИА