Модриќ останува во Реал Мадрид до 2020 година

од desk3
79 прегледи

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ потпиша нов тригодишен договор со Реал Мадрид, што значи дека тој ќе остане во „кралскиот клуб“ до 2020 година.

Актуелниот негов договор со Реал истекува следната година, а на крајот од новиот договор тој ќе има 35 години и веројатно во Мадрид ќе ја заврши кариерата.

download-1

Реал не соопшти колку ќе заработи Хрватот, но шпанските медиуми шпекулираат со сума меѓу седум и 10 милиони евра по сезона.

Модриќ во редовите на Реал пристигна во 2012 година од Тотенхем и освои седум титули, од кои две во Лигата на шампионите, но се уште го чека трофејот од Примера.

За Хрватска има го одигра 94 натпревари и постигнато 11 гола./MИА