Русите – трaмпoљубци! Клинтон = советски апаратчик

од desk3
127 прегледи

Под наслов “Интерес за непредвидливоста” рускиот весник “Ведомости” објавува податоци од анкети, според кои на луѓето во Русија воопшто не им е сеедно кој ќе биде следниот претседател на САД.

0000319020-article2

 

 

Симпатиите им се на страната на републиканскиот кандидат. Според податоците на фондот “Јавно мислење” во мај Доналд Трамп правел позитивен впечаток на 22 проценти од жителите на Русија, а во октомври веќе на 38%.

Во тоа време, уделот на руските граѓани – приврзаници на Хилари Клинтон, останал ист – 8 отсто, сепак нејзиниот антирејтинг се качил од 45 на 61%, пишува весникот, цитирано од БиБиСи.

Сегашните претседателски избори во САД веројатно најзначајната за руското население кампања од постсоветскиот период – и затоа е премногу светла, и поради улогата на Русија во нејзиниот дневен ред, забележува политикологот Евгениј Минченко.

Притоа и двајцата клучни кандидати се типови добро познати во Русија, вели тој, и го споредува Трамп со “најновите Руси” – самозаборавени бизнисмени, а Клинтон – со “советски партиски апаратчик”.

Во друг материјал на истата тема “Ведомости” наведува дека Доналд Трамп е попопуларен од Хилари Клинтон само во Русија. Ова го покажува глобалното истражување на Галуп за односот кон предизборната трка во САД.

Многумина го претпочитаат Трамп, бидејќи се надеваат дека ако тој ја преземе власта, ќе се фати со внатрешните прашања на САД и конечно ќе ја остават на мира Русија, коментира аналитичарот Алексеј Макаркин.

“А понапредните трампољупци се надеваат , дека тој исто така може да ги расипе колку може повеќе овие внатрешни работи, САД да се затворат во себе и да заглават во сопствените проблеми. Тие гледаат во Трамп еден вид американски Горбачов, способен дури да ја уништи земјата” , додава рускиот експерт, цитиран од агенциите.