(ФОТО) Анџелина Џоли забележана во јавност за прв пат по 3 недели

од desk2
97 прегледи

Анџелина Џоли беше забележана за прв пат по поднесувањето на барање за развод од Бред Пит. 41 годишната актерка беше видена, заедно со нејзините 6 деца, кога тие посетија еден имот што се изнајмува, во Лос Анџелес.

397e674e00000578-3844764-moving_on_the_actress_41_was_seen_with_the_six_children_she_shar-a-11_1476821370108

Изворите соопштија за “ET” дека смејството претходно ја посетило плажата, пред да се упати кон куќата. Анџелина исто така беше придружувана од голема група телохранители и дадилки за децата.

397e5f4600000578-3844764-image-m-53_1476819462049

“Децата трчаа наоколу и изгледаа среќно и во добра состојба” пренесува изворот.

Братот на актерката, Џејмс Хејвен беше исто така со нив, кој наводно сега има активна улога во воспитувањето на нејзините деца. Претходно еден од изворите за “People” извести дека “Џејмс е нејзината карпа и таа му верува”.

397e5df500000578-3844764-image-m-43_1476818470407

 

Минатата недела беше објавено дека Бред се расплакал кога ги видел неговите деца за прв пат по 3 недели, откако Анџелина го поднесе барањето за развод.

Веднаш по разделбата Џоли доби старателството врз сите деца. Привремениот аранжман за старателство истекува на 20-ти октомври што значи дека тие повторно треба да преговараат. Анџелина Џоли бара целосно старателство додека пак Бред Пит сака заедничко.

13f4a65c00000514-0-image-a-4_1476484564856