Момчето ми се виде како шупелка која си има умислено или и рекле дека треба да го свири Бетовен. Празнословие со загрижувачки димензии, говорење на ништото, поза во обид да ги пополни тие рупетини, кривично треба да одговара затоа што како претседател на куротресната комисија при таканареченото Министерство за надворешни работи пропуштил да
утврди дека кандидатот за судија во Стразбур го нема бараниот сертификат за познавање на англискиот или на францускиот јазик и нема професионални и морални квалитетни подобри од минус сто, тип кој од незнаење, индоктринација или глупоќа, сере безвезности и ја доведува во заблуда јавноста по клучни надворешнополитички и внатрешнополитички прашања, адвокат на презумпцијата на невиноста како последно прибежиште на злотворите од својата партија, вампир кој не убедува дека институциите што неговите шефови ги смачкале и ги претвориле во мајонез за своите кобасици требало да решаваат за нешто.
Кој е човекот.
Поповски, мислам дека се вика, министер е за надворешни работи на една бивша држава, улицкана злосторничка инсталација!
Попетревски ни ја прикажа таа нула во комплениот формат, направи своевиден преседан во однос на новинарскиот однос кон сиромашните по дух, умислените, бандитите, апашите и хохштаплерите што маскирани во политичари го окупираат јавниот простор како лилјаци пештерите!
Бранко Тричковски – Фејсбук статус