Консиержот, кој наводно бил присилен од крадците, да влезе во апартманот на Ким Кардашијан ги открива страшните детали од грабежот. Во интервју за “Daily Mail” 39-годишниот човек, идентификуван како Абдулрахман, тврди дека тој се обидел да ги спречи мажите, преправајќи се дека не знаел која е Кардашијан. Откако тие го принудиле да ја отвори вратата со резервниот клуч, Абдулрахман тврди дека им кажал на крадците да не ја повредат риалити ѕвездата, која молела за живот.

“Јас се качив во апартманот заедно со ограбувачите. Првите неколку минути имав лисици на рацете. Бев во собата со Ким Кардашијан. Едниот ја нападна нејзе, другиот беше со мене. Видов како Ким ја извлекоа од креветот. Дојдовме до нејзината спална соба и ја отворивме вратата. Таа беше во нејзиниот кревет. Пред да ја отвориме вратата, таа слушна шум и почна да кажува “Ало? Здраво?”. Претпоставувам дека таа мислеше дека е некоја од нејзините сестри. Интонацијата на нејзиниот глас се смени кога немаше одговор. Јас почувствував дека таа беше загрижена. Потоа едниот од нив ја отвори вратата. Другиот беше залепен до мене” се сеќава Абдулрахман.
Тој вели дека Ким плачела и викала: “Не ме убивајте! Имам бебиња, не ме убивајте ве молам, имам бебиња. Јас сум мајка. Земете што сакате.”

“Јас им кажав на крадците “ве молам, не ја повредувајте”, и го повторував тоа. Тој ми кажа “не грижи се, дојдовме за парите”. Јас повторив уште еднаш “ве молам не ја повредувајте”. Тој ми рече “останете мирни и се ќе биде во ред, не мрдајте и не испуштајте никаков звук” додава чуварот.
Абдулрахман изјави дека тој дејствувал и како преведувач за риалти ѕвездата, која не можела да го разбере нивниот француски јазик.
“Еден од разбојниците постојано и велеше да замолчи. Јас и реков да се смири, реков “мора да молчиш”. Таа седна на креветот и ме праша “дали ќе умреме?”. Реков “не знам. Како може да знам?” Таа почна повторно да вриска. Затоа тој и стави лента на устата. Долго парче лента, се околу нејзината глава.”
Абдулрахман изјавува дека крадците си заминале само затоа што виделе дека телохранителот на Кардашијан, Паскал Дувие, и ѕвонел на нејзиниот мобилен телефон.
“Јас го видов неговото име на екранот и им реков “знаете ли кој и ѕвони сега? Нејзиниот телохранител. Ако таа не одговори на повикот, тој веднаш ќе дојде тука со полицијата. Тие веднаш избегаа” тврди Абдулрахман.
Тој изјавува дека Дувие се појавил по неколку минути и ги ослободил него и Ким.

“Кога си заминуваше, таа ме прегрна и јас и реков “најважното нешто сега е тоа што сме безбедни и што сме живи”.
Разбојниците кои го украдоа накитот, вреден 11 милиони долари, се уште се на слобода.

Нејзината помала сестра Клои Кардашијан, се појави во емисијата “The Ellen DeGeneres Show” и го прекина молкот за мулти-милионскиот грабеж. 32-годишната риалити ѕвезда зборуваше за последиците од грабежот врз нејзиното семејство.
“Неверојатно трауматично е тоа што и се случи. Но, нашата фамилија е многу блиска и ние ќе го пребродиме ова заедно. Ние ја цениме и љубовта и поддршката од нашите обожаватели, но потребно е да помине некое време. Знаете, ужасно беше тоа што и се случи на неа” изјави таа.