Феноменот Џуна во своето последно интервју: Ќе дојде ли до светска војна и глобална катастрофа? (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
102 прегледи

Во противењето меѓу Русија и САД едната страна е империја на духот, а другата на материјалното, тврди пророчицата

20150608-esigycqvbm

Лечителката Џуна, која си отиде од овој свет во 2015 година, рекла во своето последно интервју пред руските медиуми, пред да почине, дека Русија ја очекува подобра иднина, пренесе  esoreiter.ru .Кризата која ја зафати земјата поради санкциите на Западот, ќе ја одмине и животот ќе се подобри. Овие тешкотии ни се даваат одозгора како искушение, изјавила Џуна.

Според неа, современици  сега треба да си ги отворат очите и да сфатат дека парите не се најважното нешто во нивниот живот, туку  добрината, чистотата и духовноста. Треба да се обрне повеќе внимание на овие вредности. Сакајте се и проштавајте си за да стане вашиот живот поубав, советува светскиот феномен.

Во последното интервју таа зборува и за противењето меѓу Русија и САД, тврдејќи дека едната страна е империја на духот, а другата на материјалното. До светска војна и до глобални катастрофи сепак во 2017-та нема да дојде. На луѓето во Донбас и во цела Украина, според жената, која го предвидела распадот на СССР, воопшто нема да им е лесно. Конфликтите таму ќе продолжат.За Русија сепак доажаат подобри времиња