Холивудската ѕвезда Леонардо ди Каприо целосно соработува со американските власти во истрагата на големата проневера во Малезија, со која бил финансиран и филмот “Волкот од Волстрит”, се вели во соопштението на неговата фондација, цитирано од Франс прес.

На крајот на јули американските власти презедоа законски дејства со цел да бидат вратени стотици милиони долари, повлечени од малезиски државен фонд за развој. Според нив околу 100 милиони долари биле користени од Риза Азиз, син на Малајски премиер, за телевизиското студио “Ред гранит”, што го финансираше целосно филмот на режисерот Мартин Скорсезе од 2013 година- “Волкот од Волстрит”. Ди Каприо доби 25 милиони долари за главната улога во кино-продукцијата.
Тогаш американското Министерство за правда соопшти дека ги презеде сите идни приходи од филмот, кој реализираше приходи во износ од околу 400 милиони долари.
Ди Каприо дознал од печатот за оваа истрага и целосно ги поддржува сите напори за да биде задоволена правдата во оваа афера, се вели во коминикето. Актерот се поврзал веднаш со Министерството со барање да се утврди дали тој самиот или фондацијате добиле подарок или донации поврзани со скандалот