Мишел Обама светна во долг и фит по телото фустан без ракави во боја розово- златна на последната државна вечера како прва дама на САД, пренесоа американските медиуми. Сопругата на Барак Обама остана верна на традицијата да избере тоалета на дизајнер од татковината на почесните гости.

Вечерата беше организирана во чест на италијанскиот премиер Матео Рензо и неговата сопруга Аниезе Ландини. Пејачката Гвен Стефани, која беше поканета во Белата куќа да пее пред височите домаќини и гости, беше придружена од трите момчиња, соопшти Контактмјузик. Пред државната вечера Стефани и синовите позираа за заедничка слика со претседателскиот и премиерскиот пар.