Дела од 12 сликари на изложба „Најдоброто од Македонија“

од Vladimir Zorba
74 прегледи

 

Во рамки на 25-те години од основањето на „Матица македонска“, во Мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ вечер ќе биде отворена заедничка изложба на дванаесет истакнати македонски сликари од сите генерации под наслов „Најдоброто од Македонија“. бои

Ќе бидат презентирани дела од Васко Ташковски, Глигор Чемерски, Газанфер Бајрам, Коле Манев, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Костадин Качев, Решат Амети, Стефан Хаџи Николов, Димитар Малиданов, Димче Исаиловски и Боро Митрически.

– Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници, информира „Матица“ за изложбата која за посетителите ќе биде отворена до 5 ноември