Актерката Анџелина Џоли и нејзините деца биле испрашувани од соработници на ФБИ во САД. Повод за тоа, беше инцидентот кој се случи меѓу неа, нејзиниот сопруг Бред Пит и 15-годишниот син Медокс за време на приватен лет, пишува “TMZ”.

Се тврди дека токму заради оваа случка следеше и разводот на Бранџелина. Според информацијата на списанието, двајца агенти ја посетиле актерката во нејзиниот семеен дом во Малибу, Лос Анџелес и останале таму повеќе од три часа.
Извори тврдат дека агентите на ФБИ се обидуваат да ги утврдат фактите и собираат индикации потребни за обвинувањето против актерот.

На 30 септември стана познато дека Џоли и Пит стигнале до привремена согласност за старателството над нивните деца за период до 20 октомври. Според документите, шесте деца се дадени на мајката.
“People” пишува дека таткото успеал да се види со своите деца, додека средбата била многу потресна, и во присуство на психотерапевт. Сепак весникот забележува дека Медокс не присуствувал.

Понатамошната судбина на децата ќе се решава во судот. Актерот објави преку својот адвокат дека посетува специјалист.
На 19 септември Џоли поднесе документи за развод со Пит. Тогаш таа објасни дека меѓу нив има непомирливи разлики и го сподели своето незадоволство од начинот на кој мажот се однесувал кон децата.
Исто така Анџелина го обвини Бред за употреба на алкохол и дрога, а актерот доброволно даде анализа, за да докаже дека тоа не е вистина. Примероците биле негативни.

Бранџелина беа заедно од 2005 година, а се венчаа на 23 август 2014 година. 41-годишната Џоли и 52-годишниот Пит имаат три биолошки и три посвоени деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивијен.