Нејзиниот изглед се спротиставува на нејзините 70 години, меѓутоа Шер признава дека таа тешко се справува со стареење.

“Погледнувам во огледало и гледам една стара дама како ме гледа и јас немам идеја како таа дошла таму” изјавува Шер во емисијата “Today”.
Таа и претходно кажала збогум на сцената, но овој пат инсистира дека шоуто “Classic Cher” е најверојатно нејзината последна турнеја.

За влегувањето во 8-та деценија од нејзиниот живот, таа признава:
“Јас едноставно не знам како да го прифатам тоа, не ни сакам, меѓутоа и навистина не знам како. Ако ставам 70 свеќи на мојата торта, ќе ми експлодира мозокот”.
Шер додава и дека таа никогаш не е задоволна од самата себеси:
“Јас никогаш не сум ја сакала Шер. Таа е во ред, но јас не сум нејзин голем обожавател.”
Таа се одлучила за овие последни настапи во живо затоа што не сакала нејзината кариера да заврши.

Нејзината последна турнеја за збогување со сцената, започнува на 8-ми февруари.