Ким Кардашијан нема желба да продолжи со стариот начин на живот

од desk2
145 прегледи

Ким Кардашијан стана експерт за привлекување на внимание каде и да се појави.

396bf29900000578-3852692-image-a-75_1476902191014

Но сега, потресената риалити ѕвезда откако беше ограбена под закана со оружје, молејќи за нејзиниот живот, таа го менува нејзиниот начин на однесување.

Како што изјавува списанието “People”, мајката на 2 деца се повлече од јавноста и нема никаква желба да продолжи со нејзиниот претходен животен стил.

396a8b0300000578-3852692-image-a-73_1476901698997

Ким, времето го поминува во нејзиниот дом во Лос Анџелес, откако се случи страшниот инцидент на 3 октомври. Убавицата исто така го поминува времето колку што е можно повеќе со нејзините 2 деца, 3 годишната Норт и 10 месечниот Сеинт.

“Таа се уште поминува низ тежок период. Нема никаква желба да продолжи со нејзиниот стар начин на живот” пренесуваат изворите.

392ae16800000578-0-image-a-68_1476901375066

Додека нејзиниот сопруг моментално е на неговата “Saint Pablo” турнеја, таа ја посетува нејзината мајка Крис Џенер, која живее во близина. Таа ја напушта куќата само навечер или за многу важни состаноци и средби.

“За секоја прошетка, таа го повикува телохранителот. Пред кражбата, таа постојано излегуваше сама. Тоа комплетно се смени сега” додаваат изворите.

Нејзината помала сестра Клои Кардашијан, неодамна се појави во емисијата “The Ellen DeGeneres Show” и го прекина молкот за мулти-милионскиот грабеж. Таа зборуваше за последиците од грабежот врз нејзиното семејство.

3986698600000578-3852692-image-a-77_1476902294644

“Неверојатно трауматично е тоа што и се случи. Но, нашата фамилија е многу блиска и ние ќе го пребродиме ова заедно. Ние ја цениме и љубовта и поддршката од нашите обожаватели, но потребно е да помине некое време. Знаете, ужасно беше тоа што и се случи на неа” изјави таа.