Ким Кардашијан ќе се крие во панична соба за 100 илјади долари

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Реалити ѕвездата, која живее во куќа за 20 милиони долари во Лос Анџелес, заедно со нејзиниот сопруг Кание Вест и нивните две деца, беше нападната и ограбена во Париз. Случајот стекна голема популарност, а последиците врз психата на ѕвездата се видливи.25aa68ea96d466d86a5d69c9ebf6773e

Според “Мирор”, Ким ќе си прави нова панична соба во домот, во која ќе има бања и камери.

Собата ќе издржи на оган од над 500 степени и на земјотрес од 7 степени по Рихтер.

Менаџерот на Крис Џенер вели дека ѕвездата сè уште се опоравува од кошмарот во Париз.

Ким Кардашијан беше во Франција, за да присуствува на модната недела во Париз. По инцидентот, нејзиниот сопруг – раперот Кание Вест го прекина својот концерт додека артдиректорот на Chanel, Карл Лагерфелд објави дека ѕвездата сама е виновна за кражбата, бидејќи премногу упадливо го носела скапиот накит.

Други пак се сомневаа дека ова што се случува е PR акција, но изданијата кои објавија слична вест се извинија на Ким.