Модната индустрија е секогаш еден чекор пред нас и по тој повод френетично се подготвува за Божиќ 2016.
Денес ќе обрнеме внимание на Victoria’s Secret, кои веќе се подготвени да слават.
Марката ја претставува својата празнична колекција за годината со моделите Жозефина Скривер, Јасмин Тука и Тејлор Хил.
Лицата на рекламната кампања се придржуваат кон карактеристичниот предизвикувачки ракопис при претставувањето на новите производи – тие позираат во сексапилни пози при снимањето на “Sexy Little Things”.
Кадрите го поставуваат основниот фокус на колекцијата градници “Very Sexy” – различноста е видлива од широкиот спектар модели кои се движат од класичен со push-ефект до префинети.
Ако има нешто сигурно, тоа е дека со новите предлози на Victoria’s Secret дефинитивно сезоната ќе биде многу топла.
Во прилог на фотосесијата, ангелите на брендот учествуваат и во онлајн кампања.
Сите кадри од предизвикувачката рекламна кампања на Victoria’s Secret можете да ги видите во нашата галерија.