Бред Пит се виде со синот Медокс за прв пат по инцидентот што доведе до крај на неговиот брак

од desk2
127 прегледи

Бред Пит наводно се сретнал за прв пат со неговиот син Медокс, откако неговиот брак славно се распадна пред очите на јавноста. 52 годишниот актер се сретнал со Медокс во средата, пренесува “TMZ”.

38b88fb300000578-3852084-image-m-16_1476889726471

Тоа било нивна прва средба откако актерот наводно го нападнал неговиот син додека биле на приватен лет, тврдење што тој го негира. Се верува дека инцидентот бил еден од најважните фактори што ја присилиле Анџелина Џоли да го поднесе барањето за развод и да се пресели во изнајмен дом заедно со нејзините 6 деца.

Бред претходно ги посети и неговите други 5 деца, но под надзор од терапевт, додека со Анџелина немал никаков контакт откако излезе веста за шокантната разделба.

13f4a65c00000514-3852084-image-m-17_1476889744913

Во меѓувреме, ФБИ агентите потврдија дека тие ги разгледуваат доказите против актерот и ќе одлучат дали е потребна понатамошна федерална истрага во блиска иднина.

Бранџелина беа заедно од 2005 година, а се венчаа на 23 август 2014 година. 41-годишната Џоли и 52-годишниот Пит имаат три биолошки и три посвоени деца – Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Нокс и Вивијен. Таа бара целосно старателство, додека пак тој сака заедничко.