Тој ја доби неговата голема шанса за пробивање во музичката индустрија кога почна да продуцира песни за Џеј Зи во 2000та година. Иако нивните имиња обично одат заедно едно покрај друго во рап заедницата, Канје Вест откри дека пријателството помеѓу него и сопругот на Бијонсе се распаднало.

38 годишниот рапер ги изрази неговите поплаки за односот со 46 годишниот Џеј, за време на неговата “Saint Pablo” турнеја во Сиетл.
Канје на својата публика и откри дека неговиот ментор само му се јавил откако неговата сопруга Ким Кардашијан беше ограбена под закана со оружје во Париз и дури дека нивните деца никогаш не си играат заедно. Очигледно повреден од фактот што Џеј Зи не го посетил, Канје реши да јавно да му се обрати и да се пожали.

“Не ми се јавувај после грабежот да ме прашаш како се чувствувам. Сакаш да знаеш како се чувствувам? Намини кај мене дома. Донеси ги децата во мојот дом како да сме браќа. Не можам да го поднесам ова ср**е. Нашите деца никогаш не си ни играле заедно.” изјави Канје.
По шокантното откритие тој додаде и дека никогаш нема да има втор дел од популарната заедничка соработка за нивниот албум “Watch The Throne”. Тој дури и го прескокна хитот од албумот, “N**** In Paris”, за време на настапот.

Тие двајца беа соработници и пријатели повеќе од една деценија, Канје дури напиша и песна посветена на Џеј Зи, насловена “Big Brother”.