Филмови за сексуалноста и родот во кино Фросина

од Vladimir Zorba
104 прегледи

Започна фестивалот, Сексуалноста и родот во алтернативниот филм и видео во Југославија. Целта на фестивалот е да го донесе во преден план значењето за колективната меморија што го имаат различните форми на сексуална и родова имагинација и отпор во културната продукција во рамки на алтернативниот филм, видеото и субкултурните практики во Југославија.
vagina-1021x580

Отворајќи ги спецификите на оваа продукција, идејата е да се размислува и разговара за можностите што различните критички и еманципаторски имагинации за сексуалноста, родот и телесноста во Југословенската културна продукција од маргините ги отвора за нашето современо обмислување на родовата и квир критика и отпор. Имено, истражувајќи ги утопиите што фемистичките, квир и критичките алтернативни и супкултурни уметнички практики во Југославија ги раздипливуваат, сакаме да го мобилизираме перформативното дејствие на минатотот, а со цел да се погледне оттаде затворот на нашата сегашност и нашите борби и имагинација за отпор и еднаквост.

Програма за сабота:

13:00 (Кино Култура)
Без гордост 2013: Репрезентација на квир идентитетите во Источноевропската уметност и култури
Предавање на Саша Кесиќ (Белград)

19:30 (Кино Фросина)
“Иднината се наоѓа меѓу вашите нозе се до војната, потоа сѐ уште ќе остане таму…“
Марина Гржинич ги претставува видео делата на Марина Гржинич и Аина Шмид

Видеа:
– Икони на гламурот, Одеци на смртта
– Заканата на иднината
– Синди Шерман или Хистерија продукција ви претставува Реконструкција на фотографиите на Шерман
-Биолокација
-Лавиринт
-Луна 10
– Апатија, СИДА и Антарктик