Табиетлија со кого не би сакале да дискутирате доколку имате спротивставени мислења бидејќи се поставува непријателски и ги навредува и омаловажува неистомислениците, на прво место му се партиските интереси и најчесто нема аргументи за тоа што го тврди.

Вака граѓаните го насликале пратеникот од собранискиот состав кој се распушти пред една недела според Истражувањето на Институтот за демократија, информира Телма.
Дури 72 отсто испитаници сметаат дека на прво место на пратеникот му се партиските интереси, потоа личните, 67 отсто, а на трето место бизнис интересите. Кога ќе стапне во Собранието тој ги заборава интересите на граѓаните што на изборите ветил дека ќе им ги исполни. Затоа и секој трет во анкетата не знаел кој пратеник треба да ги застапува неговите интереси. Уште поразочарани се од ниското ниво на дебата.
Целиот текст можете да го прочитате тука