Аха – сосем случаен Македонец

од Vladimir Zorba
101 прегледи

Тешко е човек да живее во Македонија, а да не помисли зошто се родил токму во една ваква држава? За да ви ја олеснам маката, крајно бекетовски, еве ви една од причините, па може една ваква интимна исповед ќе ви го олесни вашето постоење. Искрено, вие сте овде по грешка. Репетитивна грешка. На повеќе од 80 проценти, ако им е за утеха се овде по некоја банална случајност. Да, вие сте грешка на гениталниот принцип, крајно безобразно, знам дека е и вулгарно, но голем број од нас се грешка на некој коитусен чин, како крајно задоволство на двајца, невнимателни, проклети егзотери за кои потеклото исто е сомнително.

charaktery_seks_bez_zobowiazan_1_2_700-1
Ете како задача на првото утринско, крајно издувано кафе, прашајте го пријателот како се нашол во ова постојание, приутност и опкружување. Така ќе му дадете поголема смисла на вашиот дневен почеток, а ќе ги избегнете баналностите од секој ден. Наместо СЈО, пресретнете го и кажете: не си ти крив, по грешка си во Македонија. Ти не припаѓаш овде, немој да чувствуваш одговорност за целата задолженост на државата, дека ти си нечија грешка, и не е твоја вина, туку нечија друга.
Мислам дека целиот овој начин на настанување е по грешка, освен третото дете, тоа е со концепт, и единствено за него можеме да збориме како за вистински Македонец. Планирана конструкција на еден морал. Како пример, една крајно логична ситуација на хомо еректус е дека по инстинкт создавал поколение, така и го зачувал. Сега, повторно по грешка вината ќе ја барате кај интелектуалците, па како врвен научен никулец ќе почнеме од античкиот период и Платон како првообвинет за поставувањето на правдата и правичноста како врвно морални вредности во една држава. Ама, штета што наместо за поетите како крајно неоправдани емотивци, големиот философ, требаше да ни олесни и да не соочи со грешката на непланираното.
Сега, на еден многу граѓански начин, треба од „премиерските функции“ да побараме одговорност за нашето настанување по грешка. Ние жртви на една настаната грешка, ете, не е лесно секој ден да се соочуваш со прашањето, зошто Македонија? Да битуваше и на друго место, голема е веројатноста за грешка, но таму можеби ќе беше среќна грешка, па така нема да ја оправдате глупоста туку ќе пропагирате кондоми, па ќе почнете да се борите за вашите права, како човек со интегритет, како жена која не е репродуктивна машина, како млад човек со избор за напредок и образование. Ете тоа е разликата од Македонецот настанат по грешка и оној другиот, таму некаде кој исто така е присутен по нечие задоволство.

Вероника Камчевска

Препорака за филм:

https://www.youtube.com/watch?v=ZqbJHbP61PY

https://www.youtube.com/watch?v=zwLD5WWQptw