Учител од американската држава Пенсилаванија му ја измил устата на свој ученик со сапун, за да го казни. По инцидентот 10-годишниот Доналд Томс се плаши да оди на училиште, соопшти cbsnews.com. Малиот се скарал со свој соученик. Строгиот наставник го забележал конфликтот и решил да му даде неконвенционална лекција на малиот ученик. Тој зел парче сапун и почнал да му го става во устата на 10-годишното момче.

По бруталната казна Доналд вели дека не сака да се враќа во училиштето, додека таму работи строгиот учител. Мајката на момчето пак незнае како воопшто дошло до тоа откако до сега не добила никакви поплаки од страна на училишната администрација.
“Имам многу прашања. Прво, зошто воопшто педагог постапил на овој начин? “, прашува родитеката.
Раководството на кампусот одбива да го коментира случајот. Од полицијата велат дека дури наставникот да постапил на овој суров начин, неговите акции не можат да се сметаат за злосторство.